Резултатите од најновите истражувања покажаа дека редовното конзумирање на авокадо му донесува на организмот бројни здравствени предности.
Ова вкусно овошје го зголемува нивото на добриот холестерол и го намалува ризикот од метаболички синдром. Станува збор за заедничко име на група ризични фактори, кои кога ќе се појават истовремено го зголемуваат ризикот од појава на коронарни артериски болести, мозочен удар и дијабетис тип 2.
За разлика од останатото овошје авокадото содржи мононезаситени масни киселини кои се корисни за срцето, со оглед на тоа дека го зголемуваат нивото на добриот холестерол во крвта ( HDL ).
Авокадо, исто така, содржи големи количини на калиум, кој го намалуваат крвниот притисок, а според американски Национален Институт за срце, бели дробови и крв, еден од најдобрите начини да се контролира високиот крвен притисок е да се внесува доволно калиум. Само половина авокадо содржи 487 милиграми калиум, што е повеќе од една банана.
Придобивките од внесувањето ги вклучува и другите хранливи материи, со кое е ова овошје е богато: протеини, витамини A,B,C,D,E и K, како и многу фитонутриенси кои овозможуваат здрав организам. Еден од нив е и бета-каротен кој помага при регенерација на кожата и ја храни косата. Лутеинот е хранлива материја која е важна за здравјето на очите, а го намалува ризикот од макуларна дегенерација која е основна причина за слепило кај лица постари од 60 години.
Покрај тоа што е богат извор на хранливи материи, авокадото е сојузник во борбата против вишокот на тежина. Без разлика во кој облик го внесувате допринесува за чувство на заситеност и може да ви помогне да ја контролирате гладта.