Земи црн лук и заштити се од настинка и вируси!

Лукот (Allium sativum) е растение, роднина на кромидот, кој на сите нас ни е познат по неговиот лут вкус и силен мирис.  Во народната медицина лукот се има користено уште многу одамна како лек за многу болести, а денес најмногу се употребува за намалување на високиот крвен притисок, холестерол, при атеросклероза, но и за подигнување на имунитетот.

Се повеќе студии посочуваат дека лукот освен што ги стимулира клетките на имуниот систем, полезно влијае врз сузбивање на инфекциите и поради своето антибактериско, антивирусно и антифунгално дејство.

Уште во минатото луѓето кога имале проблеми со здравјето или кога сакале да се заштитат од некое заразно заболување користеле лук иако тогаш неговото дејство не било научно докажано.

Како стимулатор на имуниот систем лукот најмногу се користи за заштита од настинка и вирусни инфекции, а дополнително помага и за алергии, бактериски и габични заболувања, стомачни проблеми итн.

Црниот или ферментиран лук, е производ кој се добива од свежиот лук кој е подложен на процес на ферментација кој се одвива на контролирана и висока температура и висок процент на влажност на воздухот.

При овој процес се намалува нивото на алицин, а со тоа исчезнува и непријатниот мирис на лук, а значително се зголемува нивото на антиоксидансите и на другите биоактивни и лековити состојки. 

Се смета дека дејството на ферментираниот лук е многу посилно од она на свежиот лук.

Во една научна студија во која на 120 испитаника им бил даван 2,56г екстракт од ферментиран лук или плацебо, било докажано дека имуниот одговор бил посилен кај групата што користела лук, кај нив не само што било забележано зголемување на бројот на Т лимфоцитите и НК клетките по 45 дена на редовна употреба,туку овие испитаници имале и помалку изразени симптоми на настинка или грип и истите траеле покусо време.

Се смета дека активните состојки во лукот врз имунитетот делуваат на два начина:

  1. Пружаат заштита од дишни инфекции, ги намалуваат и шансите за разболување но и јачината и времетраењето на симптомите.
  2. Ја стимулираат имуната функција преку стимулирање на функцијата на одредени клетки на имуниот систем

Дополнително и самото антимикробно и антиоксидансно дејство на лукот пружа и дополнителна подршка за заштита од различни инфективни заболувања.

Придобивките од користењето на ферментиран лук во исхраната се огромни, и до сега не се забележани несакaни дејства.

Dr.Viton Alizin, е квалитетен додаток во исхраната кој содржи ферментиран црн лук.

 Dr.Viton Alizin, може да се набави од аптеките на:  Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!

Може да се нарача и онлајн на:

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-alizin/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) dr

Dr.Viton Alizin може да ти го доставиме и на твојата домашна адреса со брза пошта!