Реиши или Ganoderma lucidum е една од најпроучуваните медицинска печурки во светот. Реиши повеќе од 4000 години се користи во кинеската традиционална медицина, поради полезното дејство врз здравјето на луѓето и отсуството на несакани ефекти.
Поради докажаното полезно дејство врз здравјето позната е и под името печурка на бесмртноста.
Реиши уште многу одамна се користела во медицински цели, како промотор на добро здравје, пред се поради нејзиното антитуморско и имуномодулаторно дејство.
Биоактивното дејство на оваа печурка се должи на присуството на полисахариди, диететски влакна, олигосахариди, тритерпеноиди, пептиди и протеини, феноли и минерали (цинк, бакар,јод,селен и железо), витамини и амино киселини.
Полисахаридите и тритерпеноидите од Реиши го потпомагаат нормалниот развој на клетките, и нивниот метаболизам, успешно ги стимулираа антиинфламаторните клетки, и го намалуваат воспалението.
Едно од најважните дејства на мицелиумот од Реиши е што има способност да го засили имунитетот. Со студии е докажано дека мицелиумот од Реиши делува врз белите крвни клетки стимулирајќи го нивното дејство, но исто така и врз лимфоцитите.
Реиши го засилува и дејството на НК клетките кои се неопходни за уништување на канцерогените клетки во телото.
Мицелиумот од Реиши има способност да воспостави баланс меѓу клеточниот и хуморален имунитет, што е неопходно за да се сопре растот на туморите.
Поради тоа што полисахаридите, бета глуканите и другите метаболити од печурката го стимулираат имуниот систем и го спречуваат растот на туморите, мицелиумот од Реиши се препорачува и како дополнување на конвенционалната онколошка терапија.
Бета глуканите од реиши се едни од најдобро проучените полисахариди, тие се моќни имуномодулатори кои истовремено служат и како пребиотици за цревната флора.
При користење на Реиши не само што се зголемува имуната функција, туку истовремено се намалуваат воспалението и оксидативниот стрес во телото, затоа Реиши се употребува и како тоник за подобрување на општата здравствена состојба.
Имуномодулацијата која се постига со употреба на Реиши уште повеќе се засилува ако се употребуваат истовремено и екстракти од други печурки, кои содржат биоактивни состојки со синергистичко дејство.
Оваа печурка не може да биде замена за здравиот начин на живот и исхрана, но е одлично дополнување за да се обезбеди подобар имунитет и здравје.
NATURE ESSENTIAL – РЕИШИ можеш да ја купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
NATURE ESSENTIAL – РЕИШИ можеш да го нарачаш онлајн на https://alfalab.mk/proizvodi/reisi/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )