Причини поради кои сме постојано поспани во зима

Мрзливоста и хроничниот замор, во комбинација со сезонските настинки и грип негативно влијаат на квалитетот на сонот. Откријте ги петте основни фактори кои ви го нарушуваат сонот и ви се причинува дека сте поуморни отколку што сте.

1. Температура на собата

Оптималната температура на спалната соба изнесува 20-22º С Целзиусови, а нашата телесна температура се спушта на температура на собата и ви овозможува длабок и убав сон. Во премногу топла соба полесно се будиме, но подеднакво е лошо ако спиете во поладна соба. Значи, придржувајте се на некоја оптимална температура.

2. Дневна светлина

Ако сте цел ден во затворена просторија без доволно сончева светлина, цело време ќе се поспани уморни. Навечер кога ќе одите во кревет, нема да забележите некоја голема разлика, особено ако имате вклучен телевизор или некој друг апарат. Ако во зима ви недостасува доволно светлина, купете посебна ламба или одете почесто во природа, барем преку викенд. Користете што повеќе дневна светлина.

3. Обемни вечерни оброци

Вечерајте најдоцна 4-5 часа пред да одите на спиење. Навечер би требало да избегнувате обемни оброци, бидејќи потешко се варат, што би можело да ви го наруши сонот.

4. Физичка активност

Во зимо многу ретко излегуваме надвор, а многумина избегуваат секаков вид на рекреација дури и ако ја практикуваат во топлите места. Затоа, настојувајте да ги користите скалите наместо лифтот или прошетајте од време на време. Всушност, физичката активност го поттикнува длабокиот сон.

5. Сув воздух

За време на зимото воздухот во домот често е сув, па често ја суши слузта во носот. Затоа, додека спиеме често дишеме на уста, а тоа пак доведува рчење и нарушување на сонот. Погрижете се на радијаторите да ставите чисти садови со вода, така што таа ќе испарува и ќе го навлажнува воздухот.