Ќе се изненадите што сѐ влијае на помнењето!

Помнењето со текот на годините станува се послаби. Тоа е нормално. Но, некои луѓе додека се млади имаат проблеми со заборавање. Кои се факторите кои влијаат на способноста за помнење?

1

1) НЕФУНКЦИОНАЛНА ШТИТНА ЖЛЕЗДА

Кога штитната жлезда не функционира правилно, ќе се чувствувате како да ви е премногу топло, премногу ладно или да сте напнати или депресивни. Ова може да влијае на вашата меморија.

„Иако штитната жлезда нема специфична улога во мозокот, кога ќе престане нормално да функционира, една од последиците е губење на помнењето. Луѓето кои го имаат овој проблем,а многу често се жените во прашање може да имаат проблеми и со концентрацијата“ вели д-р Фотухи.

Жлездите во форма на пеперутка кои се наоѓаат пред душникот, влијаат речиси на сите метаболички процеси на вашето тело.

2

2) ТОПЛОТНИ УДАРИ

Секој пат кога поради топлотни удари имате желба да ја ставите главата во замрзнувач, исто така, ќе ви се случи привремено да заборавите на некои работи.

„Колку повеќе жени имаат топлотни удари за време на менопаузата, се повеќе се намалува нивната способност да паметат имиња и приказни. За среќа, топлотните удари не го оштетуваат мозокот на било кој начин. Меморијата ќе се подобри кога ќе престанат топлотните удари“вели д-р Фотихи.

И други симптоми на менопаузата се поврзани со намалување на меморијата, вклучувајќи несоница и ноќна апнеја.

3

3) НЕДОСТАТОК НА СПИЕЊЕ

– Додека спиеме, некои делови од мозокот навистина се одмораат, но подлабоките делови на мозокот кои се поврзани со меморијата и емоциите стануваат релативно активни. Оние кои страдаат од несоница, не само што ризикуваат оштетување на меморијата, туку во текот на денот ќе почувствуваат замор, недостаток на внимание и бавни реакции. Стандардната препорака од осум часа спиење не е секогаш особено добра за сите. Ако се разбудите уморни и повторно заспиете во текот на денот, тогаш можеби ќе ви треба повеќе сон, вели д-р Ален Товфиг.

4

4) МАСНОТИИ

Масните хамбургери и помфрит се опасни за срцето, но, исто така, може да предизвикаат проблеми со меморијата.

Една студија покажала дека адолесцентните глувци имале послаби вештини на учење и помнење по осум недели на диета која вклучувала високо ниво на масти. Друга студија спроведена на средовечни стаорци покажала дека хипокампусот (дел од мозокот одговорен за краткорочно помнење) може да биде особено чувствителен на влијание на исхрана со високи масти.

„Потребни се повеќе истражувања за да се утврди дали мастите влијаат на човековиот ум, но еве што знаеме : калоричната исхрана го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, висок крвен притисок и кардиоваскуларни болести, кои можат да предизвикаат оштетување на мозокот“ вели д-р Тофвиг.

5

5) БАКТЕРИИ И ВИРУСИ

Настинката, исто така, може да влијае на помнењето, според една студија објавена во 2013 година во списание „Неврологија“.

Истражувачите откриле дека луѓето изложени на голем број на бактерии и вируси, како на пример херпес симплекс тип 1 (тип кој предизвикува настинка), за време на животот почесто имаат проблеми со помнењето, отколку оние кои биле изложени на мал број на бактерии. Шансите да имаат проблеми со помнењето се 25 проценти повисоки.

Лекарите веруваат дека постојаната изложеност на инфекции може да ги оштети крвните садови, што исто така, е поврзана со поголем ризик од мозочен и срцев удар.