Во древната индиска медицина „ајурведи“, босилекот (Индијците го нарекуваат „тулси“) е главна состојка на многу препарати и важи за една од најлековитите билки, а неговиот благотворно влијание на здравјето го потврдија и некои најнови научни истражувања.
По резултатите од студиите спроведени на Универзитеот Барода во Индија, овој популарен зачин содржи антиоксиданси кои одлично се адаптираат и ги намалуваат негативните последици на стрес, а истовремено ги зајакнува природните одбрамбени сили на организмот.
Босилекот изобилува со витамин Ц, калциум и фосфор, има силни антибактериски, антивирусни и антигабични својства, така што е проверен лек против разни инфекции. Индиските научници утврдиле дека помага во контролирање на нивото на шеќер во крвта, а бидејќи го намалува нивото на холестерол, тој е моќен заштитник на срцето и крвните садови, како и дека позитивно влијае на дишните и органите за варење. Во природата постојат околу 60 варијанти на босилек, а најчести се зелените, темно – виолетови и црни.