Секоја жена знае колку стапалата може да болат по неколку часови поминати во чевли на висока пета, но и некои други модели не се најдобар избор за здравјето на нозете и ‘рбетот. Болни стапала сигурно ќе имате доколку носите вртоглаво високи потпетици, а оние кои имаат пета до пет сантиметри се најдобар избор.
Високи потпетици
Позицијата на ногата кога носите високи потпетици е таква што сите целиот притисокот е врз перничињата во долниот дел кај прстите. Затоа е тешко да се оди во чевли со високи потпетици, бидејќи треба да знаете да балансирате. Колената и колковите се издвојуваат понапред и тоа им штети на ‘рбетот и нозете. Па лесно можете да се повредите и да ја шинете ногата ако погрешно стапнете и ја изгубите рамнотежата, но и да добиете воспаление на нервите со болни стапала и потечен палец поради набивањето на нозете во врвот на чевлите.
Чевли со полна пета
Иако тие имаат платформа односно полна пета, тие имаат слични ефекти како чевлите со високи потпетици бидејќи ногата стои во покачена позиција. Но, во нив притисокот е на предниот дел од стапалото малку помек и полесно може да се одржува рамнотежа. Без разлика, ви се закануваат истите проблеми како и кога носите чевли со високи потпетици.
Чизми со високи потпетици
Како и чевлите со високи потпетици и чизмите може да создаваат исти проблеми. Ортопедите советуваат дека висината на потпетиците не треба да е поголема од 5см. Исто така тука е и правилото за палецот, кое кажува дека по 25 % од тежината преминува на предниот дел од стапалото со секој см повисоки потпетици. За среќа во чизми е полесно да се одржува рамнотежа бидејќи зглобовите се цврсти и завиткани во материјал. Затоа и можностите да го повредите зглобот се помали, но и понатаму постои проблемот со изморени стапала, пликови и воспаление на нервите.
Балетанки и слични рамни чевли
Рамните чевли не даваат доволна поддршка на стапалото, но се флексибилни и дозволуваат движење на мускулите и не се толку опасни како чевлите на високи потпетици. Тоа е добрата страна, а лоша, кога брзате може да превидите некоја шајка или да застанете на неа. Бидејќи овие чевли обично се со многу тенок ѓон, може сериозно да се повредите . Ако долго носите чевли без потпетици, можно е да ви се воспалат мускулите и да ве боли петата .
Патики со тенок ѓон
Тие се рамни како балетанките, но добрата вест е што за дополнителна поддршка на стапалата лесно можете да вметнете влошки. Исто така се многу меки и пријатни од внатре и се идеални ако веќе имате пликови или некои болни точки на нозете.
Патики за трчање
Ни премногу внимание и грижа не носи многу добро, сметаат ортопедите. Чевли со многу перничиња и внатрешно задебелување ја слабеат врската помеѓу мозокот и нозете, бидејќи немаат реално чувство за подлогата. Значи, патиките за трчање би требало да ги користите само кога се занимавате со спортски активности, а не да ги носите по цел ден, затоа што мислите дека се подобри од останатите.
Јапонки
Повеќето јапонки се рамни, тенки и отворени. Поради тоа ногата може лесно да се повреди, така што ваков тип на обувки никако не му овозможува поддршка на стапалото. Јапонките имаат и друг проблем, а тоа е дека прстите меѓу каде што се спојува ѓонот и горниот дел, често се грчат. На тој начин е можна скршеница на палецот и прстот до него.
Чизми за дожд
Ги носиме во влажни и мокри услови, а бидејќи чизмите се изработени од непропустлив материјал, ногата речиси и да не диши. Затоа се големи шансите во нив да се создадат габи, бактерии и разни вируси.