Диетата на Д-р Вилијам Дејвис

Дали  елиминирањето на пченицата од вашата исхрана ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина, да се чувствувате подобро и  да имате повеќе енергија? Звучи премногу добро за да биде вистинито?А што ако вашиот лекар ви каже дека е можно и релативно лесно да се постигне?

Поимот  пченичен стомак потекнува од кардиологот д-р Вилијам Дејвис. Во неговата популарна книга, д-р Дејвис се сеќава кога тој бил на одмор со своето семејство, и кога сфатил дека има 15 килограми повеќе во својата средна возраст.

Покрај тоа, тој истакна дека се чувствувал тромаво после појадокот, кога  јадел тост, печива или ѓеврек, дури и по добро преспиена ноќ. Но, чувствувал многу повеќе енергија ако јадел јајца за појадок. Се ослободил од високиот холестерол и високото ниво на шеќер во крвта и се повеќе бил убеден дека е потребно да  направи промена. Д-р Дејвис почнува да експериментира со тоа што не зема храна која содржи пченица и истото го побарал од пациентите. Тој им дал листа на храна со низок глихемиски индекс. Побарал од нив да се  хранат со таа храна место храна која содржи пченица, и да  дојдат на контрола после 3 месеци.

Д-р Дејвис во својот извештај навел дека поголемиот дел од пациентите значително ја намалиле телесна тежина и дека нивото на шеќер во крвта им паднало од дијабетес нивоа во нормални граници. Пациентите рекле дека им се зголемило нивото на енергија, концентрација, спиење, а потоа здравјето на белите дробови, зглобовите и цревата значително им се  подобрило, и многу повеќе од тоа.

Што можете да јадете, а што не?

Отстранете од исхраната се што  содржи пченица, вклучувајќи го лебот, тестенините, житарките, переци, крофни, итн. Не би требало да јадете ништо што содржи пченица, јачмен, ‘рж или овес.

Ова можеби звучи како типична без глутенска исхрана, но д-р Дејвис е против едноставна замена на овие производи со безглутенска храна, која често содржи пченкарен скроб, ориз и компири, бидејќи тоа нема да помогне во губење на тежината. Дејвис вели дека скробот предизвикува ист одговор на шеќерот во крвта, како и глутенот од пченица.

Дејвис, исто така, укажува на тоа да се отстранат од употреба и сирупот од пченка која содржи високо ниво на фруктоза, сахароза, слатките, оризот, компирите, безалкохолните пијалаци, овошните сокови, сушеното овошје, зрнестата храна, и многу повеќе. Треба да се избегнуваат транс масните киселини, пржената храна и месото од животни кои се третирани со лекови.

Зеленчук

– Некои видови на овошје (јаболка, портокали и јагоди) и многу помала количина на “слатки плодови” (ананас, папаја, манго, банана)

– Неограничени количини на јаткасти плодови, растителни масла, како што се маслиновото, кокосово и масло од авокадо и какао путер.

– Месо и јајца од животни кои се хранат со природна храна

– Полномасно сирење

– Ленено семе

Може да се консумираат во ограничена количина :

– Незасладено полномасно  германско сирење, јогурт, млеко и путер

– Соја во  ферментирана форма: тофу, темпех, мисо

– Маслинки, авокадо, кисел зеленчук, свежи семиња

– Откако ќе ја поминете фазата на откажување од пченица, може да  јадете ограничени количини на цели зрна како што се квиноа, просо, амарант и чиа, како и мешунки.

Вегани и вегетеријанци : вегетеријанците би требало лесно да се прилагодат на оваа диета за да ги задоволат сите свои потреби. Ако сте веган, вашата листа на производи ќе биде поограничена и ќе треба да се потпрете  на овошје, семиња, путер од јаткасти плодови, маслинки и авокадо.

Во што е работата и како оваа диета, всушност, работи?

Зошто некој би ја намалил телесната тежина, ако ја отстрани пченицата од своето мени? Зарем не работата во самото  губење на калории од производите од пченица? Одговорот доаѓа лично од креаторите на оваа диета:

Д-р Дејвис: Не, всушност јас ја охрабрувам потрошувачката на високо калорична храна, како што се мастите и маслата.

Ефектот на губење на тежината заради загубата од пченица потекнува од протеинот глијадин кој се наоѓа во пченицата. Неколку студии од седумдесеттите и осумдесеттите години потврдија дека глијадинот во гастроинтестиналниот тракт ги разложува во мали пептиди кои одат во крвотокот, а потоа се врзуваат за мозочните рецептори за опијати, давајќи го ефектот на пијанство. Овие ефекти можат да варираат од личност до личност и различно се манифестираат како заматен ум, вознемиреност, импулсивно однесување, но на повеќето луѓе им се случува зголемување на апетитот, што предизвикува поголем внос на калории.

Пченицата, исто така, содржи уникатен јаглен хидрат амилопектин А, во голема мера одговорен за високиот глихемиски индекс на производи кои содржат пченица, вклучувајќи и интегрални житарки. Високите нивоа на шеќер во крвта се следени со ненадејно намалување на шеќер, форма која се заменува на секои два часа. Нискиот шеќер во крвта е следен со зголемен апетит. Ова значи дека луѓето чувствуваат ситост два часа, а потоа се гладни во текот на денот и треба да јадат, со цел да ги задоволат нивото на шеќер во крвта.

На крајот, пченицата содржи уште еден протеин, пченичниот микроб аглутинин, кој може да ги блокира рецепторите на лептин, еден од хормоните на заситеноста, што резултира со немање на нормална контрола на апетитот.

И конечно … 

Има премногу позитивни искуства и премногу симнати килограми за да ја одбиеме оваа диета толку лесно. Без да навлегуваме во терапевтски детали (затоа што многу диеталци доживеале подобрувања како на здравствен план) – сигурно вреди да се проба оваа диета – тоа не чини ништо (освен можеби малку желба за колачи), а придобивките можат да бидат огромни.

Ако немате идеја како да смислите оброци – ве молиме контактирајте не преку е-мејл за заеднички да ги поделиме рецептите и страдањата по свеж леб, колачи и тесто, но и заедно да симнеме многу килограми 🙂