
Дали и ти си од оние што собираа детска пошта во основно? Дали и ти ги снимаше омилените песни на касета?
Тогаш драга, време е да почнеш да користиш ретинол!
Ретинолот е единствената научно докажана состојка што ќе ти помогне да ја соблечеш оштетената кожа од лицето и да ја замениш со нова позатегната, помазна и посјајна кожа.
Толку многу бенефити има кожата од ретинолот, што дерматолозите ја поместија границата советувајќи ги дамите да го употребуваат после 25-тата година од животот.
Ваквиот пристап е усвоен со цел ретинолот да ги забави промените со кои се соочува кожата низ годините. Но, во секој случај ретинолот е моќен да делува и на оние промени кои на прв поглед делуваат трајни.
Колку ретинол ѝ е потребно на кожата?
Она што може да те збуни е концентрацијата на ретинолот која се разликува од серум во серум. Сега сигурно се прашуваш која концентрација е идеална за твојата кожа?
Типот на кожа, промените и штетите што ги гледаш на површината и колку кожата е толерантна на состојката, диктираат колку ретинол ти е потребно.
Добрата вест е што кожата се адаптира на сè повисоки и повисоки концентрации и на сè почесто аплицирање. Но, мораш да бидеш внимателна и да ѝ дозволиш на кожата да стане толерантна.
Тоа ќе го постигнеш така што на почеток ќе почнеш со пониска концентрација, а ако одбереш висококонцентриран серум, ќе го ставаш само 3 пати неделно. Самата кожа ќе ти каже кога е време за повисока концентрација или за почесто аплицирање.
Ако кожата се спријатели со ретинолот, таа ќе почне да се подобрува во секоја смисла. Ако во еден момент кожата почне да тапка во место и не забележуваш ново подобрување, време е да се обидеш со појака или плус доза ретинол.
Дали повисоката концентрација на ретинол значи и подобар серум?
Серумот со висока концентрација на ретинол е побрз во делувањето, резултатите се видливи после 3 месеци употреба.
Серумот со висока концентрација на ретинолот има поширок спектар на делување, па истовремено ги стеснува порите, ги поправа штетите поттикнати од надворешните фактори, ја згуснува истенчената кожа, но делува и на длабоките брчки и нерамномерниот тен.
Не е важна само концентрацијата, туку и со што е комбиниран ретинолот во серумот!
При изборот на твојот ретинол серум, не треба да се водиш само по концентрацијата. Многу дерматолози сметаат дека многу поважни се останатите состојки со кои е комбиниран.
Општо познато е дека ретинолот ја суши кожата и затоа добитен ретинол серум е оној кој во составот содржи хијалуронска киселина или било која друга состојка која поттикнува хидратација.
Постои добитен серум – висококонцентриран и споен со врвни состојки!
Според ваквиот опис се чини дека Dr. Viton – Retinox серумот го има идеалниот состав за да поттикне забрзана обнова на кожата без било како да ја загрози.
Retinox серумот на Dr. Viton содржи ретинол во висока концентрација од 2.5%. Поради тоа е еден од најефикасните серуми со ретинол кој целосно ја трансформира кожата за многу кратко време.
Дамите забележуваат намалување на брчките за дури 34.2% по 12 недели употреба.
За да го одржи нивото на хидратација во кожата, Dr. Viton во својот Retinox серум вклучи внимателно одбрани природни состојки како: хијалуронска киселина, екстракт од готу кола, екстракт од органски зелен чај и масло од јојоба.
Постепено спријатели се со Dr. Viton – Retinox серумот и гледај како кожата ти се менува пред очи.
Dr. Viton- Retinox Serum можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-retinox/
Dr. Viton – Retinox Serum може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин, во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)