Чај од Комбуха за стимулација на имуниот систем

Чајот од комбуха е ферментиран пијалок кој што е направен од чај, шеќер, бактерии и квасец. Иако понекогаш се сретнува и под името комбуха чај од мушмула, сепак комбухата не е мушмула туку е колонија од бактерии и квасец. Чајот од комбуха се прави со додавање на колонијата кон шеќерот и чајот и дозволување на тој микс да ферментира. Течноста по ферментацијата содржи оцет, Б витамини и други хемиски супстанци.

Здравствените придобивки од чајот од комбуха вклучуваат стимулација на имуниот систем, превенција на канцер и подобрување на системот за варење и функцијата на црниот дроб. Сепак, не постојат научни докази кои што би ги потврдиле овие придобивки.

Постојат извештаи за појава на негативни ефекти од консумирање на чајот од комбуха како што се иритација на стомакот, инфекции и алергиски реакции. Чајот од комбуха многу често се прави во домашни нестерилни услови со што и веројатноста за контаминација е голема. Ако за подготовка на чајот се користи керамички сад, може да дојде до труење со олово бидејќи киселините од чајот можат да ослободат олово од глазурата на керамичкиот сад.

На кратко, не постои доволно добар и издржан доказ дека навистина чајот од комбуха ги има оние позитивни својства како што се тврди. Се препорачува негово избегнување се додека не станат достапни официјални информации.